Апсењето на Имамоглу предизвика големи демонстрации низ Турција бидејќи неговото притворање се смета за политичка пресметка со неистомислениците.
Имамоглу е најсериозниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и е главен опозициски кандидат на претседателските избори закажани за 2028 година.
Имамоглу денеска ги повика своите сограѓани да одржат масовни протести низ целата земја поради неговото апсење.
Во објава на социјалната платформа Икс, Имамоглу напиша дека правниот процес на неговото притворање е „целосна вонсудска егзекуција“, што значи „предавство на Турција“.