Ѓулер им кажа на новинарите во парламентот дека, кога парламентот, кој е на пауза до 16 јануари, повторно ќе заседава, ќе разговара за бројни нешта и дека шведската кандидатура би можел да ја стави на дневниот ред „во следните недели“, не прецизирајќи точно кога, пренесува Ројтерс.
Комисијата за надворешни работи на парламентот го одобри барањето за кандидатурата минатиот месец во рамки на првиот чекор на процесот на ратификација. За да стане закон по потписот на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, потребно е барањето за кандидатурата целосно да го одобри парламентот.
Шведска и Финска се откажаа од своите традиционални позиции на воена неутралност за да побараат заштита под воениот чадор на НАТО, по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.
Финска влезе во западниот воен пакт во април и стана 31 членка на НАТО, откако турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на таа земја.