сабота, 27 јули 2024

Турски генерал ја презема командата над Кфор

Турскиот генерал Озкан Улуташ ја презема денес командата над мировните сили на НАТО на Косово (КФОР).

Објавено на

часот

Сподели

На церемонијата одржана во командата на Кфор во приштина италијанскиот генерал Анџело Микеле Ристуќа му ја предаде својата должност на Улуташ.

На примопредавањето присуствуваа командантот на Здружените сили на НАТО во Наполи Стјуарт Манч, високи косовски функционери и претставници на Западот на Косово.

Промената на командата на мисијата на НАТО на Косово доаѓа во момент на високи тензии по инцидентот меѓу косовската полиција и локалните Срби кај селото Бањска во општината Зубин Поток.

Турција е на второ место меѓу 27-те земји кои имаат свои војници на Косово во рамки на Кфор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ