Во својот говор Ибрахим се осврна на значењето на Мустафа Кемал Ататурк, за кого нагласи дека е основач на модерна Турција, голем лидер и војсководец, врвно образован човек и демократ, водач кој даде печат на цела една ера на турскиот народ и на турската држава. Го славиме него, ги славиме младоста и спортот, рече лидерот на Партијата за движење на Турците.
Во рамки на забавно уметничкиот дел настап имаше и познатиот турски пејач Озѓун.
Во име на Владата честитки до турската заедница и обраќање имаше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска
„Овој ден е од посебно значење за турската заедница, но и за нас, македонскиот народ бидејќи историското наследство на таткото на модерна Турција, големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк е и наследство со кое и ние се поистоветуваме, меѓу другото и поради неговите корени кои потекнуваат токму од нашата држава“ рече Тренчевска во своето обраќање и додаде дека Македонија никогаш нема да ја заборави подадената рака на пријателскиот турски народ во пресудните историски мигови.