„Коалициите треба да имаат одредени вредности, во овој случај, доколку се Европски фронт, треба навистина во таа коалиција да учествуваат политички партии кои веруваат во овој концепт, а не кои сакаат само да имаат пратеник, па потоа во 20 часот на 8 мај да избегаат во различни коалици. Изминативе години тоа се случуваше во рамки на другите коалиции, па така најголем дел од тие коалиционни партнери нема да останат со ДУИ бидејќи не ги имаат истите вредности со ДУИ. Коалицијата предводено од ДУИ, сметам дека не е принципиелна. Најголем дел од тие коалициони партнери, претходно биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потоа биле со СДСМ, па откако им биле затворени вратите во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, нашле една мала врата во ДУИ. Кога зборувам за непринципијална коалиција, зборувам за европските вредности. Во оваа коалиција имате политички партии и поединци кои секогаш биле анти НАТО, анти Европа. И затоа оваа коалиција е непринципиелна и нема да има успех“, смета Ибрахим.
Тој смета дека турската заедница е маргинализирана и изолирана и дека за нив патот кон членството во ЕУ е најбитен елемент. Според него, помалку бројните етнички заедници, вклучително и турската заедница, немаат алтернатива, и затоа, смета тој, патот кон ЕУ мора продолжи.