сабота, 27 јули 2024

Турканици, нервози, редови и за налепниците НМК

Утрово во станиците за технички преглед во Македонија почна издавањето налепници со ознаката НМК. Почнаа и гужвите. Некои станици добија, а некаде се залепени листови – „немаме налепници“.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Од полноќ сите возила со македонски регистарски таблички треба да имаат налепница НМК. И ова е дел од обврските што произлегуваат од Преспанскиот договор.

Граѓаните прашуваат и за сообраќајните дозволи, но не добиваат одговори од официјалните лица.

Предвидената процедура за налепниците само ги зголемува турканиците и нервозите. Секој сопственик на возило лично треба со сообраќајната и возачката дозвола да пополни барање за добивање налепница, а потоа лице од станицата за технички преглед ги лепи налепниците.

Има четири вида налепници – за мали мотоцикли, за мотоцикли, за автомобили со регистарски таблички со три бројки и за возила со стандардните таблици.

Граѓаните можат во која било станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистарските таблици, информираа од МВР.

Налепниците со ознаката НМК во станиците за технички преглед пристигнаа само 12 часа пред да стапат во сила обврските од Преспанскиот договор, што е вечерва на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ