Централната банка во турската престолнина Анкара во јуни оваа година за првпат од март 2021 се одлучи да ги крене каматните стапки, со нов гувернер на челото, што ги поттикна очекувањата за враќање на ортодоксната монетарна политика, наспроти притисоците на владата за снижување на каматните стапки.
Банката во соопштение наведе дека „ќе продолжи процесот на монетарно заострување за што е можно побрзо да се воспостави тренд на снижување на стапката на инфлацијата“.
Инфлацијата во Турција во јули оваа година се движеше околу 50 отсто, објави тамошната агенција за статистика. Турската лира слабее повеќе од две години, а денес по објавата за зголемување на каматните стапки благо зајакна во однос на доларот и еврото.