сабота, 27 јули 2024

Турците и Аргентинците спасот од инфлацијата го бараат во криптовалути

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на сопственоста на дигиталните валути во светот, Турција предничи со удел од 27,1 отсто, а по неа е Аргентина со 23,5 отсто, што е значително повисоко од проценетата глобална стапка од 11,9 отсто, покажуваат податоците од истражувачката компанија ГВИ.

Покрај водечките позиции во светот во усвојувањето криптовалути, на Турција и Аргентина им е заедничко дека имаат и висока инфлација, што доведе до пад на курсевите на националните валути и контрола на тековите на капиталот за да се обесхрабри локалното население да изнесува пари во странство. Во март годишната стапка на инфлација во Турција достигна 50,51 отсто, а во Аргентина 104 отсто.

Турската лира и аргентинскиот пезос вртоглаво паѓаат и се на рекордно ниско ниво. На црниот пазар, на пример, треба да издвоите околу 464 пезоси за американски долар, што е двојно повеќе од официјалниот курс од 222 пезоси за долар.

Голем дел од купувањето на таканаречените безбедни засолништа се криптовалутите како УСД Коин (УСДЦ) и Тетер (УСДТ), кои претставуваат крипто токени поврзани еден-на-еден со традиционалните средства како американскиот долар или златото, обезбедувајќи им на инвеститорите алтернатива во услови кога нема доволно долари.

„Без разлика дали се работи за мали или институционални инвеститори, луѓето размислуваат за тоа како да се заштитиме од падот на вредноста на валутата“, рече Ехаб Заглул, главен истражувач во Трајбал кредит, платформа за дигитални плаќања за стартапи на пазарот во развој. „Тие потенцијално сакаат да држат дополнителни средства врзани за посилна валута, така што нешто како УСДЦ или УСДТ или што било поврзано со посилна валута како американскиот долар“, додаде тој.

Обемот на тргување со парот УСДТ-турска лира достигна повеќемесечен максимум минатата недела, поттикнат од слабеењето на турската валута и претстојните клучни претседателски и парламентарни избори, рече аналитичарката на компанијата Каико, Десислава Оберт.

„Генерално, постои поголема тенденција за усвојување криптовалути во земји со капитални ограничувања и финансиска и политичка нестабилност“, изјавија аналитичари од истражувачката компанија K33 Рисрч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ