сабота, 19 октомври 2024

Турција уапси повеќе од 100 лица, меѓу кои и членови на опозицијата, поради поврзаност со тероризам

Објавено на

часот

Сподели

Неодамнешните анкети покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу. Прокурдските гласачи ќе играат клучна улога во гласањето, предвидуваат анкетите. Во полициските рации во 21 град и провинции, 110 лица се уапсени поради наводни врски со забранетата Курдската работничка партија (ПКК), јави Анадолија.

Обвинителите во југоисточниот град Дијарбакир ги товарат осомничените за давање финансиска помош на ПКК и за терористичка пропаганда, меѓу другите обвиненија. Заменик-претседателот на ХДП Озлем Гундуз и други членови на партијата се меѓу приведените, изјави портпаролот на ХДП за ДПА. На мета се и адвокати, активисти и новинари, објави Адвокатската комора на Дијарбакир во изјава на Твитер.

Комората бара нивно ослободување, нарекувајќи ги рациите „незаконски“. ХДП е втората по големина опозициска партија во парламентот и се брани во судски спор со кој се бара нејзино затворање. Ердоган ја обвинува ХДП дека е продолжение на ПКК, која е забранета во Турција, ЕУ и САД. ХДП ги отфрла сите обвинувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ