сабота, 27 јули 2024

Турција спаси речиси 100 мигранти во Егејско Море

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на турската крајбрежна стража и Министерство за внатрешни работи, во првиот гумен чамец имало 37 мигранти, а бил забележан во саботата во мугрите на брегот на турскиот регион Ајваџи, кој се наоѓа на десетина километри од Грчкиот остров Лезбос.

Еден час подоцна, околу пет часот наутро, 11 лица биле спасени кај Измир на запад, тие исто така биле на гумен чамец, а грчката полиција ги потиснала во турските територијални води, информираат турските власти.

Ситуацијата се повтори среде бел ден повторно кај Ајваџик, каде турската крајбрежна стража спаси 47 илегални мигранти.

Турција редовно го обвинува својот сосед Грција дека ги крши меѓународните прописи и ги потиснува илегалните мигранти кон турските територијални води за да се ослободи од барателите на азил во Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ