сабота, 27 јули 2024

Турција: Палењето на Куранот го доведува во прашање членството на Шведска во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека тоа може да го доведе во прашање евентуалното членство на Шведска во НАТО.

Фидан додаде дека Турција ќе го одобри членството на Шведска доколку Стокхолм „си ја заврши својата домашна задача“ и се позанимава со загриженоста на Анкара, пренесува Ројтерс.

„Фактот дека шведскиот безбедносен систем не е во состојба да ги спречи провокациите и претставува земја која носи проблеми во НАТО нè тера да размислуваме во смисла на стратегиските и безбедносните аспекти“, порача Фидан.

Тој додаде дека прашањето на членството на Шведска во НАТО станало поотворено за дискусија за тоа дали таа ќе стане товар или ќе донесе корист.

„Ако Шведска продолжи со своите напори и ја заврши својата домашна задача, секогаш постојат алтернативи, како што тоа беше во случајот со Финска“, истакна Фидан.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека земјата нема да се откаже од блокирањето на влезот на Шведска во НАТО, доколку не престане да им пружа засолниште на терористите.

Минатата недела беше одржан протест за време на кој еден од двајцата организатори искина и запали копија од Куранот пред централната џамија во Стокхолм.

Додека околу 200 луѓе го гледаа неговиот чин, демонстрантот први искина страници и со нив ги избриша чевлите, по што Куранот го стави на сланина и го запали, што Турција и некои други мнозински муслимански земји остро го осудија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ