сабота, 27 јули 2024

Турција: Одолеваме на притисоците, не ѝ воведуваме санкции на Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе една и пол година западните земји вршат врз нас невиден притисок, доаѓаат и бараат да воведеме санкции, прашуваат зошто соработуваме со Русија и така натаму. Но ние никого не послушавме, ја одржавме церемонијата на испораката на првото количество гориво во нуклеарната централа Акују“, кажа Калин.

Тој претходно истакна дека санкциите против Русија најмногу штета би ѝ донеле на Анкара.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во април изјави дека Анкара нема да се придружува на едностраните санкции против Русија, но дека нема да дозволи тие да се заобиколуваат.

„Турција како суверена држава сама носи одлуки. Не се придружуваме на никакви еднострани санкции, ги поддржуваме само оние воведени со поддршка од ОН. Значи, не станува збор само за Русија, не ги поддржуваме ни санкциите воведени на Иран или која било друга земја“, кажа Чавушоглу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ