сабота, 27 јули 2024

Турција ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО за неколку недели

Објавено на

часот

Сподели

„Имав билатерален разговор со мојот колега, министерот за надворешни работи, при што тој ми рече дека очекува ратификацијата да се случи во рок од неколку недели“, изјави Билстром за новинарите во Брисел, во пресрет на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Турција засега не се огласи по тој повод, пренесува Ројтерс.

Британската агенција во вторникот, повикувајќи се на неименуван претставник на Стејт департментот, објави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан им рекол на колегите од НАТО во Брисел дека неговата земја најверојатно ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во алијансата до крајот на годината.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО во мај минатата година, по рускиот напад врз Украина.

Финска доби „зелено светло“ во април, додека приемот на Шведска го попречуваат Турција и Унгарија.

Будимпешта претходно соопшти дека ќе го одобри шведското членство откако тоа ќе го одобри Турција.

Комисијата за надворешна политика на турскиот парламент претходно овој месец го одложи гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во Алијансата.

Шведска ја критикуваше Турција за кршење на човековите права и демократските стандарди, а Анкара го обвини Стокхолм дека засолнува членови на групи кои Турција ги смета за терористички и побара нивна екстрадиција како чекор кон ратификација на членството на Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ