недела, 20 октомври 2024

Турција ја одложи исплатата на 600 милиони долари за руски гас

Објавено на

часот

Сподели

Според договорот, исплатите на турската енергија на Русија до 4 милијарди долари може да бидат одложени до следната година, изјавија за Ројтерс обата извори под услов да останат анонимни.

Турција во голема мера зависи од увозот на енергија, а Русија е нејзин најголем снабдувач.

Договорот за одложување на плаќањата за гас го ублажува притисокот врз турските девизни резерви, исцрпени од неортодоксната политика насочена кон зајакнување на лирата и зголемувањето на цените на енергијата, објаснува Ројтерс. „Исплатата на 600 милиони долари официјално е одложена за следната година. Голема улога (во одложувањето) одигра и зголемувањето на цената на енергијата“, изјави еден од изворите.

Турција може да го одложи плаќањето на повеќе сметки во наредните месеци, во зависност од движењето на цената на енергијата, додаде тој. Руското и турското министерство за енергетика и енергетските компании Гаспром и Ботас не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар за одложувањето.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез минатата недела изјави дека Турција и Москва постигнале договор што ѝ дозволува на Анкара да ги одложи плаќањата за енергија до одредена сума, но не даде детали. Турската сметка за увоз на енергија минатата година достигна рекордни речиси 100 милијарди долари.

Турците викендов ќе излезат на претседателски избори, а анкетите покажуваат дека претседателот Таип Ердоган би можел да доживее пораз, најмногу поради кризата со животните трошоци и наглото слабеење на лирата, главно предизвикано од намалувањето на каматните стапки и покрај високата инфлација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ