сабота, 27 јули 2024
Членка на НАТО

Турција сака да се приклучи во БРИКС

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Анкара има намера да разговара за ова прашање за време на претстојниот состанок во Русија.

Објавено на

часот

Сподели

Турција би сакала да се приклучи во групата на нации БРИКС и има намера да го постави ова прашање на претстојниот состанок на шефовите на министерствата за надворешни работи на економскиот блок во Русија, објави во вторникот министерот за надворешни работи на земјата Хакан Фидан.

Зборувајќи за новинарите за време на тридневната посета на Кина, Фидан изјави дека Турција долго чека да стане членка на Европската Унија, но со години се соочува со противење од некои од членките на тој блок. Во овој контекст, Анкара сега го разгледува БРИКС како алтернативна платформа за интеграција, објасни министерот.

„Не можеме да го игнорираме фактот дека БРИКС, како важна платформа за соработка, на некои други земји им нуди добра алтернатива“, рече Фидан, истакнувајќи дека иако групата сè уште има „долг пат да помине“, Анкара го гледа „потенцијалот во БРИКС“.

За време на настанот во Центарот за Кина и за глобализацијата (ЦЦГ) во Пекинг, Фидан рече дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на групата, на кој ќе има претставници од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија, Саудиска Арабија и ОАЕ. Настанот треба да се одржи следната недела во рускиот град Нижни Новгород.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ