Турците и Унгарците играат плејоф за влегување односно опстанок во Лига А од Лигата на нации.
Турција се бори за првпат да влезе во најдобрата дивизија, а Унгарците да го зачуваат местото таму.
Домаќините поведоа уште во деветата минута со гол на Кокчу, а во 25. минута Шафер изедначи на 1-1.
Турците предноста ја вратија во 69. минута кога гол даде Актуркоглу, а четири минути подоцна Кавечи погоди за конечни 3-1.
⚽️ GOAL: Kerem Aktürkoğlu restores the lead ✨
What A cross by Oğuz Aydın 💫
🇹🇷 Türkiye 2-1 Hungary 🇭🇺
— Footballnus (@footballnus) March 20, 2025
За три дена се игра реванш меѓу овие две селекции во Будимпешта.
Грузија со 3-0 славеше на гостувањето кај Ерменија и практично си ја заврши работата уште на првиот меч, би требало да се случи чудо за да не ја задржат оваа висока предност на свој терен.
Ерменија се бори за влез во Б лигата, а Грузија се обидува да се задржи таму.