среда, 23 октомври 2024

Турција: Ние и понатаму сме лојален сојузник на Западот

Турција е целосно посветена на своите обврски во рамки на НАТО пактот, истакна нејзиниот министер за одбрана за Ројтерс, во време на сè поголема загриженост на сојузниците дека таа земја се оддалечува од Западот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот месец кажа дека сака Турција да влезе во Шангајската организација за соработка, политички, економски и безбедносен сојуз кој Кина, Русија и централноазиските земји го формираа во 2011 година, како противтежа на западните сојузи.

Министерот за одбрана на Турција Јашар Ѓулер во пишан одговор на прашањето на Ројтерс дали Турција членството во НАТО ја спречува во развивањето на односите со Шангајската организација порача: „Нашиот приоритет е исполнување на нашите обврски во НАТО како важен сојузник и јакнење на соработката со нашите сојузници. Нашиот фокус треба да биде подготвеноста, решителноста и силата на НАТО“.

Анкара е заинтересирана и за членство во БРИКС и одржува партнерски односи со Русија, особено во енергетиката, туризмот и одбраната, што го загрижува Западот.

Анкара повторува дека и понатаму останува верна членка на НАТО.

Вашингтон во 2019 година ја санкционираше Турција исфрлајќи ја од програмата на борбените авиони Ф-35 бидејќи набави руски противвоздушен систем С-400.

Анкара потоа договори набавка на 40 авиони Ф-16 блок 79, што Вашингтон го одобри откако Турција се согласи на членството на Шведска во НАТО.

Ѓулер кажа дека набавката на авионите тече по план и дека продолжуваат разговорите за повторен обид за набавка на авиони Ф-35. Тој додаде дека Турција сака од Германија, Британија и Шпанија да купи 40 авиони „јуротајфун“, и дека Анкара се надева на позитивен одговор од сојузниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ