петок, 26 јули 2024

Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо на македонските власти

Македонското Министерство за надворешни работи доби известување од Турција дека дале позитивен одговор на барањето на македонските власти за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. За ова, од страна на МНР било известено и Министерството за правда.

Објавено на

часот

Сподели

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Информацијата ја потврди и министерот за правда Кренар Лога кој на својот фејсбук-профил напиша:

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“.

Палевски е во бегство од крајот на ноември минатата година. Убиството на Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во училиште. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ