Ограничувањето на извозот беше објавено откако Израел во понеделникот го отфрли барањето на Турција да се приклучи кон меѓународните напори за воздушни испораки на хуманитарна помош за жителите на Газа, а извозните ограничувања вклучуваат, меѓу другото, производи од железо и челик, градежна опрема и производи и машини, пренесе Тајмс оф Израел.
Турција, која го осуди Израел поради офанзивата во густо населениот Појас Газа и повика на итен прекин на огнот, испрати десетици илјади тони хуманитарна помош за цивилите во окупираната палестинска енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Соединетите Држави почнаа да испраќаат помош во Газа по воздушен пат минатиот месец, заедно со Холандија, Франција, Шпанија и други земји.