Договорите што ги склучија Турција и нејзините партнери покажуваат дека ќе соработуваат во низа воени и одбранбени области, вклучително обука и образование, заеднички вежби, соработка во одбранбената индустрија, размена на разузнавачки податоци, логистичка поддршка, медицински услуги, сајбер одбрана, мировни мисии и отстранување нагазни мини и импровизирании експлозивни направи.
Според Нордик монитор, договорите ги олеснуваат размената на персонал, заједничките истражувања во воената наука и технологија, како и оперативната соработка во хуманитарната помош и во мисиите за помош во катастрофи.
Иако сличните пактови обично бараат долготрајни процеси на ревизија, турскиот претседател забрзано ги испрати договорите во парламентот. Тие се дел од пошироката стратегија за јакнење на соработката на Турција во одбраната со соседните и сојузничките држави “со цел спротивставување на регионалните безбедносни закани”.
Во извештајот се цитира бригадниот генерал Есат Махмут Јилмаз, началник на Генералниот директорат за правни услуги при министерството за одбрана, според кого Турција консолидираше три договори во единствена рамка за да го забрза ангажманот во странските воени операции.
По ратификацијата, договорите ќе ѝ овозможат на турската војска да ги потпишува секундарните договори со странските партнери без дополнително одобрување од парламентот. Овој метод ги проширува турските прекуморски воени активности.
До декември 2024 година, пишува Нордик монитор, Турција потпиша воени рамковни договори со 89 земји и договори за воена обука со 65. Во тек се преговори со 47 земји за рамковни воени договори и 13 за договори за обука. Освен тоа, таа потпиша договори за соработка во секторот на одбраната со 90 земји.