четврток, 30 мај 2024

Турција: Америка има двојни стандарди кон Израел кога станува збор за човековите права

Министерството за надворешни работи на Турција денеска соопшти дека годишниот извештај на Америка за човековите права во светот не ги прикажува верно „нехуманите напади на Израел во Газа“ и дека Америка води политика на двојни стандарди кога станува збор за човековите права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турското Министерство соопшти дека американскиот извештај е составен „со политички мотиви“ и дека е „далеку од непристрасен и објективен“, пренесува Ројтерс.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги отфрли тврдењата дека Вашингтон има двојни стандарди кога станува збор за Израел.

Во извештајот на американскиот Стејт департмент се вели дека израелската војна против Хамас имала „значително негативно влијание“ врз човековите права во Израел.

Турција постојано повикува на прекин на огнот откако Израел ја почна офанзивата во Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ