сабота, 27 јули 2024

Турчин шверцувал производи без документи во автобус

На наплатна станица Градско вчера во 05.00 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

При контрола во автобус мерцедес со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација, се појаснува во соопштението.

Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ