понеделник, 3 март 2025

Турчин и дете со фалц пасоши сакале да ја напуштат државава

Вчера во 10.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром– Скопје, на  излез од државата полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ј.А.(21) и 14-годишникдвајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека приложиле португалски фалсификувани патни исправи.

Објавено на

часот

Сподели

У.Ј.А бил спроведен во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека по наредба на Јавен обвинител малолетникот бил предаден на родител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ