Кефран Турам вечерва го постигна својот деби гол во дресот на Јувентус, а набрзина запиша и втор гол, но нема да се радува многу откако ова не беше доволно за „старата дама“ да забележи победа.
Французинот го отвори резултатот во 20. минута, тргна сам од 40 метри и откако противниците му оставија доволно простор, биеше прецизно по земја за 1-0.
Моизе Кин во 38. минута погоди со глава за 1-1 и одби да слави пред навивачите на Јувентус, но веќе на стартот од вториот дел, домаќините се вратија во водство, Турам имаше одличен соло продор, се ослободи од двајца противници и реализираше за 2-1.
И кога се чинеше дека „старата дама“ ќе се радува на победа, Камбијасо изгуби топка во опасна зона, а Фиорентина преку Сотил стигна до 2-2 во 87. минута.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 2-2 Fiorentina | Riccardo Sottil
RICCARDO SOTTIL HAS EQUALIZED IN THE 87TH MINUTE FOR FIORENTINA!pic.twitter.com/pAuRtmxaew
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 29, 2024