четврток, 6 март 2025

Турам и Лаутаро го урнаа Феенорд во Ротердам, Интер е блиску до четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Интер со 2-0 победи на гостувањето кај Феенорд, а триумфот можеше да биде и поубедлив, нероазурите се чекор поблиску до осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанскиот тим е поквалитетен, а за Феенорд дополнителен негативен момент беше ситуацијата со повредени фудбалери. Робин ван Перси не можеше да смета за овој меч на дури 14 фудбалери поради повреди, а некои и поради суспензија.

Интер го отвори резултатот во 38. минута кога Маркус Турам погоди за водство од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез реализираше за предност на Интер и од 2-0.

Во 65. минута Зиелински пропушти голема шанса дополнително да го зголеми водството на нероазурите бидејќи промаши пенал.

Победата од 2-0 треба да биде сосема доволна за Интер без проблем да помине во реваншот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ