сабота, 27 јули 2024

Тупанчески: Загрижува што меѓу два пописи голем број Македонци веќе не се составен дел од Србија

Моето присуство во Србија ќе значи уште една додадена можност и додадена вредност за добрите односи меѓу овие две соседни и пријателски држави. Соработката може да биде подобрена, да биде потврдена, како на културен, економски, академски поглед, така и во секоја друга форма на соработка, изјави новоименуваниот вонреден и ополномошен амбасадор на Македонија во Србија, проф. д-р Никола Тупанчески кој во петокот на српскиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма.

Објавено на

часот

Сподели

По пауза од седум години проф. д-р Никола Тупанчески, , стана шестиот македонски амбасадор во Србија. Тој е долгогодишен професор на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, доктор на правни науки и професор во областа на казненото право. Во периодот од јануари 2022 до 2023 година беше министер за правда.

Во интервју за МИА Тупанчески говори за македонско-српските односи во политичко-економска смисла, за правата на Македонците во Србија, за отоврањето на Лекторат по македонски јазик и за евентуално отворање на Културно информативен центар.

После седум години Македонија има амбасадор во Белград, Србија. Како ги оценувате односите меѓу двете држави?

-Самата посета во последниве десетина денови на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на нашата држава преставува потврда и верификација на добрите односи што беа воспоставени со иницирање на проектот Отворен Балкан. Во таа насока, моето присуство во Србија ќе значи уште една додадена можност и додадена вредност за добрите односи меѓу овие две соседни и пријателски држави. Во таа насока, сметам дека соработката може да биде подобрена, да биде потврдена, како на културен, економски, академски поглед, така и во секоја друга форма на соработка.

На економско поле, со иницијативата Отворен Балкан се отвараат нови можности. Дали тука ќе го ставите акцентот на Вашите активности?

-Се разбира. И во моментов се започнати одредени процеси што треба да се надградат и да преставуваат добра можност за стопанствениците и од едната и од другата страна, без никакви бирократски пречки да ја обавуваат својата дејност. И последниве денови имаме потврда на тоа дека навистина постапките и процедурите се поедноставуваат, со тоа што доаѓа период каде српските и македонските стопанственици ќе имаат можност да ги постигнат своите резултати и да ја потврдат соработката меѓу двете држави.

Малцинствата се врска меѓу двете држави, а во Србија постои македонско малцинство. Дали на тоа поле ќе преземете активности?

-Наши државјани и македонското малцинство во Србија е бројно и тие и досега ги остваруваа своите права, и еве уште една можност да продолжиме и натаму со нивното позиционирање во српското општество и во доплнителното остварување на оние работи што досега ги немаат остварено. Меѓутоа она што загрижува во овој момент е што меѓу последниот попис и претпоследниот попис, во оваа временска рамка, голем број Македонци веќе не се составен дел од оваа држава. Не навлегувам во причините затоа што тоа е веројатно балкански синдром, каде што младите луѓе заминуваат во други држави трагајќи по нови можности, но дефинитивно таквиот тренд би требало да застане, да се запре и истовремено да се афирмираат сите вредности кои што имаат европски стандард.

Едно од барањата на македонците во Србија е повторно отварање на Лекторат по македонски јазик, како и отварање на Културно информативен центар (КИЦ) на Македонија во Белград.

-Ова е точно. Во моите тези кои што ги бранев и во нашето Собрание и во Министерството за надворешни работи овие два сегменти посебно ги апострофирав, Лекторатот и Културно Информативниот Центар или КИЦ. Тие се навистина сериозни алатки, механизми за афирмација на вредностите на македонската држава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ