сабота, 27 јули 2024
МВР за потерата во Велес

Тукушто станале полнолетни, а веќе се истумбале со 23 мигранти, потоа бил нападнат полицаец

Двајца 18-годишни момчиња од штипско се приведени откако превезувајќи со камион 23 мигранти од Сирија, меѓу кои имало и 10 малолетници, се обиделе да ѝ избегаат на полицијата, но излетале од патот, по што едно од момчињата се обидело да нападне полицаец. 

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера околу 20:05 часот на автопатот А1 возачот А.И. од селото Стар Караорман не застанал на знакот на полициските службеници по што влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, кој е пренесен во болницата во Велес. При приведувањето, А.И. физички нападнал полициски службеник. 

Мигрантите се откриени товарното возило марка форд со скопски таблички.

По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Велес, а по целосно документирање на случајот се најавуваат соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ