сабота, 22 март 2025

Тухел тргна со победа, Англија лесно ја совлада Албанија (ВИДЕО)

Англија со 2-0 ја победи Албанија во меч во кој имаше целосна доминација, тоа беше првиот меч на Томас Тухел како селектор на англиската репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот стратег успешно тргна во својата нова авантура. Англија иако победи само со 2-0, од првата до последната минута имаше комплетна контрола на мечот, Албанија постојано се бранеше и на крајот можат да бидат задоволни што примија само два гола.

Отпорот на Албанците беше скршен во 20. минута кога по една извонредна асистенција на Белингем, дебитантот Луис-Скели даде гол за водство на Англија од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Хари Кејн со гол во 77. минута од мечот.

Во другите денешни натпревари од квалификациите беа постигнати следниве резултати: Романија – БиХ 0-1, Полска – Литванија 1-0, Малта – Финска 0-1, Андора – Летонија 0-1, Кипар – Сан Марино 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ