сабота, 27 јули 2024

Тухел сака да остане во Баерн, но поставил еден услов

Баерн Минхен и Томас Тухел се обидуваат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката, последните информации велат дека едиствен проблем во моментов е должината на договорот.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен во февруари соопшти дека Томас Тухел ќе го напушти кормилото по крајот на сезоната.

Но откако „баварците“ добија корпа од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Оливер Гласнер, почнаа да размислуваат за продолжување на соработката со Томас Тухел.

Наводно стратегот нема ништо против да остане на „Алинац Арена“ и изминативе денови биле одржани серија состаноци на кои биле приближени ставовите.

Но во моментов нема целосен договор, преговорите запнале околку една точка, односно должината на соработката.

Баерн Минхен сака Томас Тухел да продолжи со актуелниот договор кој е со важност до јуни 2025 година, но стратегот не се сложува со ова, и побарал уште една година, односно соработка до 2026 година.

„Баварците“ изминативе години одвоија големи суми за компензација на тренери со кои предвреме се разделија, па сакаат во иднина да ги скратат овие трошоци и затоа преферираат да не се менува должината на соработката со Томас Тухел, но веројатно ќе мора да му ја исполнат желбата на тренерот за да го задржат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ