„Баварците“ изминативе години потрошија многу пари на засилувања во одбраната, но последната линија не функционира како што треба, па се кројат планови за нов голем трансфер.
Медиумите од Германија пренесуваат дека Роналд Араухо од Барселона е топ приоритет на клубот од „Алианц Арена“.
Новинарот Флоријан Плетенберг објави дека Томас Тухел вчера му се јавил на Уругваецот за да му стави јасно до знаење дека ќе биде важен дел од тимот.
Томас Тухел исто така го известил дефанзивецот дека го сака под итно (во јануари, или најдоцна следното лето) и го сака по секоја цена.
Наводно Баерн Минхен е подготвен да плати „огромна сума на пари“ за реализирање на трансферот, но зделката воопшто не е лесна.