„Добиени се дополнителни претставки, надзорот ќе продолжи понатаму. Затоа што надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време“, вели Томовска.
Таа очекува дека во текот на неделата ќе се одржи и координативен состанок и со Финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ. Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација и работат и до 18 или 19 часот.
„Колегите ги разгледуваат, документацијата е обемна, затоа ве молиме за трпение, за да завршиме како што треба“, вели Томовска.
МИА претходната недела објави дека тројцата инспектори ги разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно законот. Последните огласи за вработување се четири, објавени беа 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со претседателот на синдикатот имаа и разговор и ја добија потребната документација. Инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ почна по случувањата во оваа институција.