Со своите 27 метри квадратни, овaa убава колиба се наоѓа во шумските предели во околината на Белфаст, Северна Ирска. Собите се речиси целосно направени од дрво. Прикриената жолта врата му дава „сончева нота“ на влезот, а широкиот трем и предворјето водат кон поглед на пејзажот на околината. Внатре, боровиот под ги надополнува ѕидовите од дрво. Пријатната дневна соба има доволно простор за кауч и столици, а и вградениот простор за складирање во аглите на собата заштедува простор. Прилагоденото скалило од бор ја покажува изработката на домот и овозможува лесен пристап до спалните соби на вториот кат.
Иако квадратурата навидум е релативно мала, внатрешноста, според многумина, е сосем удобна и доволно широка.
Горе има две спални соби – една поголема со сопствен приватен балкон и многу природна светлина од балконската врата и прозорците. Во собата е сместен и мал кауч и гардероба – под косиот покрив.
Зад собата се наоѓа и мала, но целосно функционална бања со стаклена туш-кабина и тоалет со целосна големина. Удобно е, топло и како создадено за „гушкање под ќебе“, како што вели еден коментар за оваа мала викендица.