Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растот на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5,8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1,2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0,6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.
Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0,5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 %, комуникации за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.