сабота, 27 јули 2024

Тројно убиство во Србија, момче со ловечка пушка ги убил таткото, дедото и бабата

Дваесет и двегодишно момче во семејната куќа во Књажевац во Србија со ловечка пушка ги убил својот 81-годишен дедо, 83-годишната баба и 60-годишниот татко, јавуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Телеграф пишува дека момчето кажало дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни.

„Уапсен е и го признал делото. На полицијата ѝ кажал дека повеќе не можел да се грижи за нив“, кажа министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Осомниченото момче претходно не е осудувано, а повеќе информации ќе се знаат по извршениот увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ