Оваа информација за Дневни аваз ја потврди директорот на Комеморативниот центар Тузла Фарук Латифагиќ. Како што кажа, тројцата стриковци на Сулејмановиќ поднеле барање да го закопаат убиецот и сега се чека на одлуката на општината Градачац. „Се чека само да видат каде ќе го погребаат, на кое гробно место“, кажа Латифагиќ.
Нермин Сулејмановиќ ја претепа и ја уби својата невенчана поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ и сè пренесувал во живо на Инстаграм. Потоа ги убил таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, а тешко ја ранил нивната сопруга и мајка Хариса. Злосторството се случи на 11 август.
Низама Хеќимовиќ неколку дена пред убиството барала мерки за забрана за Нермин Сулејмановиќ, но општинскиот суд во Градачац го одбил барањето.