петок, 28 февруари 2025

Тројка на Дончиќ по која неговиот татко се фати за глава (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 111-102 ја победи Минесота, а во центарот на вниманието беше тандемот Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс водеше во текот на целиот меч, а победникот беше решен уште во првата четвртина која ја добија со 33-17. До крајот само рутински ја држеа предноста за конечна победа од 111-102.

Најефикасен беше Леброн Џејмс кој постигна 33 поени, имаше и 17 скокови. Лука Дончиќ реализираше 21 поен, имаше и 13 скокови.

Но, интересна беше една тројка на Дончиќ која ја погоди во последна секунда од речиси невозможна позиција. Неговиот татко кој од трибината го следеше мечот, се фати за глава.

Резултати:

Орландо – Голден стејт 115-121
Милвоки – Денвер 121-112
Далас – Шарлот 103-96
Феникс – Њу Орлеанс 116-124
ЛА Лејкерс – Минесота 111-102

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ