МВР информира дека вчера во 11,30 часот во полициска станица Пробиштип било пријавено дека во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од селото Злетово и Т.Ј.(48) од селото Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Фото: Пробиштипско