недела, 26 мај 2024

Тројца завршија во полиција откако украле 2.250 денари од перална

Лишени од слобода биле двајца кавадарчани, од страна на полицијата, ноќеска петнаесет минути пред полноќ, бидејќи со метален предмет оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 23:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода И.Л.(42) и Р.А.(42), и двајцата од овој град, по претходна пријава од кавадарчанецот Г.М.(37), дека во неговата перална во градот, со метален предмет оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња и од нив одзеле 2.250 денари во разни апоени. Парите се пронајдени и ќе му бидат вратени на сопственикот, а И.Л. и Р.А. биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци“, појаснија од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека вчера во 13:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.С.(33) од Демир Капија, затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени задачи. А.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Рано изутринава во 2:15 часот,  полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле

И.М.(18) и Б.Т.(22), двајцата од овој град, по претходна пријава дека во објект во градот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка и кршење на предмети, по што И.М. со остар предмет му нанел повреда на Б.Т..

По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Синоќа, пак, во 23 часот во село Калково, валандовско, од полициски службеници од Полициската станица Валандово, била пронајдена М.Ј.(13) од село Росоман, кавадаречко, која на 26.04.2024 во Полициската станица Кавадарци, била пријавена дека се оддалечила од домот. Таа била предадена на нејзините родители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ