среда, 11 декември 2024

Тројца загинати во експлозија на хидроцентрала во Италија, отежната е потрагата по исчезнатите (ВИДЕО)

Денес попладне се случи експлозија во италијанска хидроцентрала. Експлозијата се случила на 30 метри под нивото на езерото, а италијанските медиуми пренесуваат дека во несреќата загинале три лица.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во подводниот дел на централата Барги, а шест лица се водат како исчезнати.

Потрагата по исчезнатите е во тек, а на лице место се пожарникарските служби и карабињерите, заедно со локалната полиција и итната помош.

Пожарникарите се борат да влезат на местото на експлозијата која зафатила трансформатор во централата, но просториите се потопени и има многу чад, соопшти командантот на пожарникарската бригада на Болоња.

Градоначалникот на градот Камуњано, на кој му припаѓа централата, објасни дека речиси целата хидроцентрала е под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри.

Укажа дека достапните информации сугерираат дека инцидентот се случил за време на поправка на турбина.

„Пожарникарската бригада се обидува да пријде до местото на несреќата, но имаат тешкотии“, кажа градоначалникот Марко Масинара.

Браната Сувијана на болоњските Апенини не е погодена од несреќата, јавуваат италијанските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ