сабота, 27 јули 2024

Тројца уапсени во Англија поради шпионажа за разузнавачката служба на Хонг Конг

Тројца мажи се обвинети за соработка со надворешната разузнавачка служба на Хонг Конг по низата апсења низ Англија, соопшти во понеделникот британската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на месецот, според лондонската полиција (ЛМП), биле приведени 11 лица, од кои речиси сите биле уапсени во Јоркшир, во северна Англија.

Тројцата уапсени подоцна денеска ќе се појават пред Вестминстерскиот суд. Седум мажи и една жена се ослободени од притвор бидејќи против нив не е покренато обвинение, додава полицијата.

Доминик Марфи, шеф на антитерористичката команда на ЛМП, рече дека јавноста нема причина за загриженост бидејќи не гледа поширока закана за заедницата.

Тројцата се обвинети според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Тој беше донесен минатата година и содржи нови мерки против странските закани.

Полицијата вели дека обвиненијата не се поврзани со посебната истрага во која е вклучена Русија, која се води според истиот закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ