сабота, 27 јули 2024

Тројца синови во три засебни случаи ги нападнале мајките, еден е уапсен по другите двајца се трага

Двајца кумановци и еден жител на липковско,  ги нападнале своите мајки, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што информираат од СВР Куманово трите случаи биле пријавени вчера. Еден од напаѓачите е приведен, за другите два случаи полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син, наведува полицијата. Час и половина подоцна, кумановка (70)  пријавила во полицијата дека физички била нападната од нејзиниот син. За двата случаи, полицијата презема мерки“, соопшти МВР.

На полноќ во неделата, полициските службеници пак уапсиле жител на липковско, Слупчане.

„СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, информираше СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ