петок, 26 јули 2024

Тројца работници се повредени во три засебни инциденти изминатото деноноќие

Тројца работници се повредени во три засебни инциденти што се случиле изминатото деноноќие, информираше денеска МВР. Трите инциденти се случиле во Скопје. Два во Гази Баба, а третиот во Аеродром.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во СВР Скопје вчера околу 9 часот било пријавено дека на работното место во продажен објект на подрачјето на Гази Баба, Б.М. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Св.Наум Охридски. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Два часа подоцна било пријавено дека околу 9 часот на работното место во фирма на подрачјето на Гази Баба, Ц.В. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза. За настанот бил известен трудов инспектор, а бил извршен и увид на местото на несреќата.

Вчера попладне пак во СВР Скопје било пријавено дека околу 7:30 часот на работно место во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, Д.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Св.Наум Охридски. Бил  извршен увид на местот на настанот за да се утврдат причините за повредите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ