Неколку часа подоцна, вчера во 12:20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(38). од Скопје, кој исто така бил баран по потерница за издржување затворска казна.
Двете лица се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Доцна синоќа, во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово во 23:10 часот го лишиле од слобода С.И. (28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“. Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.