сабота, 25 мај 2024

Тројца повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Маврово

Тројца патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во 11 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово, потврдија за МКД.мк од СВР Тетово. Полицијата сѐ уште е на терен и врши увид, а сообраќајот е целосно затворен. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи детали за несреќата најави подоцна во текот на денот.

Објавено на

часот

Сподели

Со возило на брза помош повредените се однесени во општата болница во Гостивар. Според првичните сознанија несреќата се случила на излезот од Гостивар на магистралниот пат Гостивар Кичево во близина на Новоселски мост. Судрени се две возила – патничко моторно возило волво и товарно возило мерцедес и двете со скопски регистарски ознаки.

Според информациите, во несреќата тешко се повредени возачот на волвото и сопатникот од мерцедесот, а со телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот.

Сообраќајот е во прекин што е причина да се создадат долги колони со возила во двата правци.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи детали за несреќата најави подоцна во текот на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ