петок, 17 јануари 2025

Тројца адвокати на Навални се осудени на затворски казни во Русија

Тројца адвокати на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска беа осудени на затворска казна од три и пол до пет години поради припадност на екстремистичка група.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липцер беа осудени пред судот во градот Петушка, околу 100 километри источно од Москва.

Тие беа уапсени во октомври 2023 година под обвинение дека се дел од екстремистичка група, како што локалните власти ја карактеризираа организацијата на Навални – Фондацијата за борба против корупцијата и нејзината огромна мрежа на регионални канцеларии.

Асошиејтед прес пренесува дека случајот се смета за начин да се зголеми притисокот врз критичарите на Кремљ и да се обесхрабрат адвокатите да преземаат политички случаи.

Кога адвокатите беа уапсени, Навални веќе отслужуваше деветнаесет годишна затворска казна за неколку кривични пресуди, вклучително и екстремизам.

Тој почина во руски затвор во февруари 2023 година.

Независниот руски весник Новаја Газета објави дека Кобзев во својата завршна изјава пред судот на 10 јануари рекол дека им се суди за „пренесување на мислите на Навални на други луѓе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ