петок, 26 јули 2024

Трите најголеми партии и натаму имаат убедливо мнозинство во ЕП

Европската народна партија (ЕПП), која ги обединува партиите од десниот центар, социјалдемократите и либералите, го задржа мнозинството во новиот состав на Европскиот парламент, покажуваат првите привремени резултати од европските избори што завршија синоќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според делумните резултати, ЕПП ќе има 189 пратеници, социјалдемократите 135, а либералите 80 пратеници.

Тие три најголеми политички групи според привремените резултати ќе имаат 404 пратеници, додека во претходниот состав имаа 417.

Новиот состав на ЕП има 720 пратеници, а за избор на претседател на Комисијата потребно е убедливо мнозинство, односно 361 пратеник.

Сепак, пратениците во Европскиот парламент не секогаш гласаат дисциплинирано и некои од нив гласаат спротивно од мнозинството во своите пратенички групи. Така, во 2019 година, Урсула фон дер Лајен имаше мнозинство од само девет гласа, иако трите најголеми партии кои го поддржаа нејзиниот избор за претседателка на Комисијата имаа убедливо мнозинство од 417 пратеници во парламентот, кој тогаш имаше 705 пратеници.

Партиите на крајната десница во претставничкиот клуб на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) ќе имаат 72 пратеници, три повеќе од претходниот состав според привремените резултати.

Екстремно десничарскиот претставнички клуб Идентитет и демократија (ИД) ќе има 58 претставници, девет повеќе од претходниот состав.

Зелените паднаа од 71 на 52 претставници. Екстремната левица има 36, еден мандат помалку од претходно.

Групата партии која за првпат влегува во Европскиот парламент или за која сè уште не се знае во која групација ќе припадне има 52 претставници. Во оваа група влегуваат и претставници на Алтернатива за Германија (АфД), која неодамна беше исфрлена од екстремно десничарскиот клуб на ИД.

Според привремените резултати, независни претставници ќе има 46, а досега ги имаше 62.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ