четврток, 24 октомври 2024
Нови обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ

Трипуновски: Во домат и краставица најдени тешки метали и до 374 пати повеќе од дозволеното

Објавено на

часот

Сподели

„Првиот извештај се однесува на направена анализа на домат, нарачател е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) , примерокот е земен на 28 мај 2023, а анализата е извршена на 30 мај 2023 година. Во анализата на домат констатирано е присуство на кадмиум. Од максималните дозволени количини 0,05 мерни едници, во извештајот се детектирани 1,34 мерни единици. Ова е за 27 пати над дозволените количества кои што треба да ги има овој производ. Согласно правилникот максимално дозволено ниво за олово е 0,10 мерни единици, а во овој резултат количеството на детектирано олово е 4,48 мерни единици или за 45 пати над дозволената граница“, тврди Трипуновски.

Што се однесува до краставицата, рече Трипуновски, анализите детектирале три тешки метали.

d

„Првиот е арсен. Согласно правилникот не е дозволено присуство на овој тежок метал во храната, а во резултатот е детектирано 2 мерни единици, што е катастрофален податок. Вториот тежок метал е кадмиум со резултат од 0,64 мерни единици, што е за 13 пати над дозволената граница. И третиот тежок метал е оловото кое што е детектирано со резултат од 37,43 мерни единици што е за фрапантни 374 пати над дозволената граница. Ситуацијата е загрижувачка и алармантна. Апелирам за внимателност од страна на граѓаните, бидејќи истите производи најверојатно веќе се пуштени во промет низ цела територија на државата, што значи дека веќе граѓаните ги консумираат“, рече Трипуновски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски го трујат сопствениот народ, обвини Трипуновски.

„Јавно им порачувам на Николовски и Бабовски кој деновите откако јавно обелоденив за овој скандал им испратил дописи на вработените во АХВ со кој им забранува изнесување на информации кои се од јавен интерес, дека времето за закани и уцени завршува. Стручните лица се јасни, последиците се оловото, кадмиумот и арсенот се канцерогени и докажано е дека предизвикуваат оштетување на внатрешните органи посебно кај помладата популација. Здравјето на граѓаните е пред и над се и за него нема простор за калкулации. Го прашуваме и Јавното обвинителство, кое наместо да реагира соодветно, се става во одбрана на владата на СДС, Николовски и Бабовски, како може труењето на граѓаните со тежок метал да не е предмет на јавен интерес и дали треба некој да умре, за да реагира по допрен глас? Бабовски и Николовски мора да понесат одговорност. За почеток, нека си поднесат неотповикливи оставки“, кажа Трипуновски на денешната прес конференција.

МКД.мк веќе пишуваше за присуство на пестициди во доматите увезени од Албанија во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ