сабота, 19 октомври 2024

Трипуновски вети вреднување на трудот на лозарите

Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.

„Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката“, стои во соопштението.

Винарската визба „Тиквеш“, пред официјалниот старт на годинешниот откуп кој вообичаено почнува на први август, ги објави цените по шеќерни единици за секоја сорта винско грозје кое планира да го откупи.

„Тиквеш“ е првата и засега единствена домашна винарница која доследно ја испочитува оваа законска обврска.  Согласно објавениот ценовник и сознанијата што ги има винарницата, и оваа година, ВВ „Тиквеш“ ќе ја продолжи практиката од изминатите години и ќе откупи најголема количина грозје, по највисоки цени на пазарот, соопшти компанијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ