недела, 15 декември 2024

Трипуновски: Со покачување на цената, дојдовме до заокружени 500 денари за килограм тутун

По серија состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е првата класа да се откупува за 400 денари. Имаме покачување од 375 денари на 400 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари ја покачивме на 100 денари“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека дошло до една заокружена цена од 500 денари што е со широко задоволство прифатено од тутунарите.

„Со ова покажуваме дека навистина оваа гранка ни е многу важна и од социјален и од економски аспект“, посочи тој.

Министерот истакна дека оваа мерка беше поздравена и од Сојузот на тутунарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ