Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.
Трипуновски вели дека менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.
„Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! – изјави Трипуновски“, порача дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.